Apple неодамна ја започна продажбата на својата нова iPhone 15 серија смартфони, а уредите вклучуваат голем број иновации во однос на нивните претходници. Сега дознавме и една помалку очигледна промена, односно присуството на новиот X70 5G модем на Qualcomm во сите нови уреди.
Покрај тоа, ажурирана е и матичната плоча на сите смартфони. Ова значи дека iPhone 15, iPhone 15 Plus, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max го имаат новиот модем во однос на X65 во минатогодишните модели.
A lot of people have asked whether the iPhone 15 and 15 Plus are still using last years Qualcomm X65 modem or the new X70 seen in the 15 Pro's.
Here's your answer.
Apple didn't just throw last years Pro logic boards into this years baseline models. They upgraded them too. pic.twitter.com/cPB6LJbaFG
— Shahram Mokhtari (@MokhtariShahram) October 8, 2023
Благодарение на тоа, iPhone 15 нуди до 24% поголеми брзини на пренос преку 5G во споредба со iPhone 14 моделите. Покрај тоа, X70 исто така ќе доведе до намалување на потрошувачката на енергија и стабилност на поврзувањето дури и на поголема оддалеченост од ќелијата.