Компанијата Sony го претстави новиот потенок модел на PlayStation 5 конзолата со отстранлив диск и 1 TB интерна меморија.
Овој нов модел, наречен PS5 Slim е малку потенок и пократок од постоечкиот модел, но всушност ќе ги замени PS5 и PS5 Digital Edition. Во САД ќе чини 499,99 долари со вклучен драјв, додека цената на конзолата PS5 Digital Edition изнесува 449,99 долари.
Новиот PS5 е значително помал, за повеќе од 30 проценти, a полесен e за 24 проценти во зависност од избраниот модел. Има испакнатина за дискот, кој може да се отстрани и да се замени со страничен панел.
„Има четири посебни панели, а горниот дел има сјаен ефект, додека долниот останува мат“, вели Сид Шуман, еден од директорите на Sony.
Ако се купи основниот PS5 Digital Edition, можно е потоа да се додаде Blu-ray диск, бидејќи Sony го продава одделно за 79,99 долари, односно 119,99 евра и 99,99 фунти.
Сега има два слота од двете страни и два USB-C порта на предната страна наместо индивидуалните USB-C приклучоци и USB-A портови достапни на актуелниот модел PS5. Хоризонталниот држач ќе биде вклучен со овој нов модел PS5, а новиот вертикален држач кој е компатибилен со сите модели на PS5 ќе се продава одделно за 29,99 долари, 29,99 евра и 24,99 фунти. Двата нови модели на PS5 сега имаат 1 TB внатрешна меморија наместо 825 GB во случајот на сегашната PS5 конзола.
Новиот PS5 ќе се продава од ноември во САД по цена од 449,99 долари без диск или 499,99 долари со диск и ќе пристигне на другите пазари низ светот во наредните месеци. Во Европа, за моделот Digital Edition ќе треба да се издвојат 449,99 евра, а за моделот со диск 549,99 евра. Цените во Велика Британија ќе изнесуваат 389,99 фунти и 479,99 фунти.