Google додава можност за стриминг на видео сигнал во 1080p резолуција преку интернет во групните разговори на апликацијата Meet за претплатниците на Workspace. Досега оваа опција беше активна само за разговори меѓу двајца соговорници.
За да ја искористат новата опција, учесниците со Full HD веб-камера или повисока резолуција мора да ја овозможат кога тоа ќе биде побарано со нотификација во разговорот. Потоа ќе се појави икона означена со 1080p во горниот десен агол што потврдува дека се користи оваа резолуција.
Луѓето во разговорот можат да го гледаат сигналот со повисок квалитет доколку е достапен доволно голем екран. Новата опција пристигнува до корисниците на Workspace со Business Standard, Business Plus, Enterprise Essentials, Enterprise Standard, Enterprise Starter, Enterprise Plus, Education Plus, Teaching and Learning плановите за надградба, како и за индивидуалните претплатници.