Компанијата Apple во текот на следната 2024 година ќе ги лансира новите iPad Pro таблет уреди со OLED екрани од 11 и 13,1 инчи, кои ќе доаѓаат од погоните на Samsung и LG.
Компанијата од Купертино планира да произведе 10 милиони iPad Pro уреди со OLED дисплеи во текот на следната година. Samsung ќе испорача четири милиони екрани за новиот таблет компјутер на Apple, додека другиот јужнокорејски електронски гигант, компанијата LG, ќе учествува во производството на преостанатите шест милиони OLED екрани.
Последните извештаи велат дека компанијата Apple нема да застане само на најскапиот модел на таблет уреди, туку дека за две години и iPad Air и iPad Mini ќе ја добијат OLED технологијата.
LCD станува историја на iPad уредите
Поради ова, многумина се склони да тврдат дека Apple дефинитивно же стави крај на ерата на користење LCD екрани во својата линија на iPad уреди. Поради ваквата стратегија во иднина, Apple планира да ја прошири листата на снабдувачи од кои ќе купува OLED екрани.
Во споредба со LCD и Mini-LED екраните кои моментно се користат во Pad уредите, принципот на OLED технологијата лежи во фактот дека се користат повеќе тенки слоеви на филмови направени од полупроводници добиени од органски и луминисцентни материјали низ кои се пропушта електрична струја, за да се постигне емисија на светлина.
Најголемата предност на OLED технологијата е тоа што може да го контролира секој пиксел поединечно, така што може многу прецизно да ја контролира емисијата на светлина и на тој начин да постигне приказот на сликата да биде совршено чист и кристално бистар.
Бидејќи OLED може директно да го исклучи светлото на поединечен пиксел кога е потребно, ефектот на темните површини е речиси неверојатен.
Покрај речиси совршеното ниво на контрола на светлото, OLED има и свои недостатоци кои со време мора да се подобрат, како што се: боите, брзина на одзив и аглите на гледање.