Веќе некое време се шпекулира за освежување на iPad серијата, а последните информации говорат дека нови модели ќе бидат претстави уште утре
Apple наводно ќе ги претстави новите модели на iPad веќе овој вторник, односно на 17 октомври. Според информациите откриени од „сигурни“ извори за порталите 9to5Mac и Supercharged, се очекуваат нов iPad Air, iPad mini и основниот iPad модел од 11. геенрација.
Речиси и да нема да има промени во дизајнот и новитетите ќе бидат претежно хардверски. Се тврди дека iPad Air ќе го добие M2 чипот, а iPad mini и стандардниот iPad би требало да добијат A16 Bionic чипсет.
Сепак, познатиот аналитичарот за Apple, Марк Гурман демантира дека таблет уредите ќе бидат претставени утре, но дека новите iPad модели се во развој и дека нивната презентација се очекува на почетокот на следната година.
„Новиот основен iPad, iPad Air и iPad mini се во развој со побрзи чипови, но не верувам дека ќе бидат објавени оваа недела и дека ќе добијат некои други ажурирања“, заклучи Гурман
Исто така, се наведува дека претставувањето на новите iPad модели нема да се случи на медиумски настан, туку тоа ќе биде направено преку соопштение за медиумите кое Apple ќе го објави на својата официјална веб-страница. Слично беше и минатата година кога технолошкиот гигант од Купертино ги освежи iPad Pro, MacBook Pro и Mac mini.