Компанијата OnePlus конечно го претстави својот прв смартфон на преклопување, OnePlus Open.
Се работи за уред дизајниран во форма на книга, што го прави поудобен за користење. Open е базиран на новопретставениот Find N3 модел на Oppo, но тој одличен хардвер го донесува на повеќе пазари ширум светот.
Кога паметниот телефон е затворен, корисникот има на располагање 6,31-инчен Super Fluid LTPO 3.0 AMOLED екран со резолуција од 2.484 x 1.116 пиксели, динамична стапка на освежување од 10-120Hz и формат 20:9. Светлината на панелот изнеусва 1.400 нита, или максимум 2.800 нита. Отворањето на уредот открива 7,82-инчен Flexi-fluid LTPO 3.0 AMOLED екран со резолуција од 2440 x 2440 пиксели, динамична стапка на освежување од 1-120 Hz и формат од 1,0758:1, како и идентична максимална осветленост.
OnePlus Open доаѓа во Voyager Black варијанта на боја, со заден панел од вештачка кожа, а исто така е достапен во Emerald Dusk боја со стаклен заден панел, а токму оваа верзија ќе биде достапна за корисниците во Европа. Црниот модел тежи 239 грама, а зелениот 245 грама, а двата уреди се полесни од Galaxy Z Fold5 на Samsung, кој тежи 253 грама.
Смартфонот е опремен со пет камери со сензори на Hasselblad. Главниот е новиот 48 MP LYTIA-T808 сензор на Sony (1/1.43″, 24mm f/1.7) со оптичка стабилизација, кој користи технологија за пиксели со двослоен транзистор, што ветува подобра чувствителност на светлина. Има и ултра широка камера со автофокус од 48MP (1/2″, 14mm f/2.2), како и телефото камера од 64MP (сензор 1/2″ и стабилизирани објективи 3x70mm f/2.6).
Уредот има и две селфи камери, едната на внатрешниот екран од 20 MP, а другата на надворешниот екран од 32 MP.
OnePlus Open го покренува Snapdragon 8 Gen 2 поврзан со 16 GB LPDDR5X RAM и 512 GB внатрешна меморија. Се напојува со батерија од 4.805 mAh со поддршка за полнење од 67 W. Потребни се 42 минути за полнење од 1 до 100 проценти капацитет. Батеријата треба да „издржи“ повеќе од еден ден со едно полнење.
Внатрешниот екран е дизајниран да поддржува мултитаскинг. Околу 95 проценти од мејнстрим апликациите поддржуваат продолжен екран, така што корисникот може да ја промени големината на активниот прозорец во поставување на повеќе прозорци по желба. На екранот може да се користат истовремено до три прозорци, и во хоризонтален и во вертикален формат.
Споменатата конфигурација е и единствената што ќе им биде достапна на купувачите, а цената изнесува 1.799 евра. Нарачките се отворени до 26 октомври, а обезбедени се бесплатни слушалки OnePlus Buds 2 Pro за преднарачките, додека студентите добиваат попуст од 10 проценти. Отворената продажба започнува на 27 октомври. Клиентите ќе добијат 10 отсто попуст за OnePlus Pad и 30 отсто попуст за Buds Pro 2, Nord Buds 2 и Buds 2R слушалките до 30 ноември.