Интегрираните функции на AI четботовите ќе ги направат телефоните од Samsung Galaxy S24 серијата „најпаметните смартфони со вештачка интелигенција на пазарот“
Јужнокорејската компанија Samsung наводно планира своите претстојни смартфони од Galaxy S24 серијата да ги направи најпаметни телефони со вештачка интелигенција на пазарот. Сепак, сè уште не е јасно како планира да го оствари тоа, освен гласините кои тврдат дека Samsung Galaxy S24 ќе има интегрирани функции за разговор со вештачка интелигенција, односно оние што ги гледаме на ChatGPT или Google Bard ботовите.
Сепак, за вакво нешто, овие уреди би морале да имаат многу моќен процесор, а претходните информации тврдат дека само флегшип сериите на сите пазари ќе имаат Snapdragon чипсет. Со други зборови, Samsung Exynos, кој треба да се најде во некои од овие телефони, отвора одредени сомнежи за овој план на компанијата со оглед на нејзината не толку славна историја.
Ова, од друга страна, може да значи и дека Samsung подготви големи подобрувања за својот чипсет Exynos 2400 и можеби, и само можеби, гледаме промена во рамнотежата на моќта помеѓу овој и Snapdragon типот на процесор.
Сепак, гласините тврдат дека претстојниот чип на Qualcomm, односно Snapdragon 8 Gen 3, чија презентација се одржува деновиве, ќе има способности за вештачка интелигенција со околу 10 милијарди параметри и NPU јадро кое наводно е 98 проценти помоќно и 40 проценти енергетски поефикасно.
За да биде во чекор со овој чипсет, Samsung ќе мора да вложи сериозни напори доколку сака да го реализира својот план за најпаметните телефони со вештачка интелигенција на пазарот. На тој начин, карактеристиките на четботовите со вештачка интелигенција би можеле да ги подобрат новите смартфони, но и потенцијално да ги ослабат нивните перформанси поради процесорот што ги покренува, што може да биде автогол за Samsung.
Во секој случај, што навистина ќе се случи кога станува збор за следната Galaxy S24 серија на Samsung, би требало да видиме за нешто повеќе од два месеца, бидејќи се чини дека компанијата планира да ги лансира новите телефони веќе во јануари 2024 година.