Компанијата Qualcomm вчера претстави голем број нови производи, а покрај водечкиот мобилен чипсет Snapdragon 8 Gen 3, беше најавен и чип од следната генерација наменет за компјутерите.
Snapdragon X Elite е произведен во 4-нанометарски процес, а моделот вклучува 12 Oryon процесорски јадра со работна фреквенција од 3,8 GHz и до 4,3 GHz на едно или две јадра. Ова му овозможува на процесорот да ги достигне нивоата на перформанси во задачите со повеќе нишки на процесорите од 13-та генерација на Intel. Наспроти ова, се постигнува и 68 проценти помала потрошувачка на енергија.
Интересна е и споредбата со M2 чипот на Apple, со тоа што Snapdragon X Elite постигнува 50% повисоки врвни перформанси во задачите со повеќе нишки. Графичкиот акцелератор е Adreno, кој постигнува 4,6 TFLOPS и поддржува DirectX 12. Можно е поврзување до три надворешни монитори со UHD резолуција.
Покрај тоа, има и хексаголен невронски процесор со 45 ТОПС, кој нуди подобрени перформанси во задачите со вештачка интелигенција. Чипсетот поддржува и LPDDR5x RAM (136GB/s), до 42MB кеш меморија, како и PCIe Gen4/UFS 4.0.
Поврзувањето се bazira на системот FastConnect 7800 со Wi-Fi 7, Bluetooth 5.4 и Snapdragon X65 5G модем. Засега не е прецизирано кои ќе бидат првите компјутери со новиот чип.