Во организација на Axapta Masters и Axapta Learning Center изминатиот викенд се одржа второто издание на Digiton Conference, најголемата домашна конференција за Microsoft бизнис технологии. Под мотото “The Future is Digital” учесниците на дводневната конференција имаа можност од прва рака да ги слушнат мислењата на врвни експерти, познавачи од областа, кои говореа за растечките трендови и новини во индустријата истовремено освртувајќи се и кон предизвиците, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и нејзината примена во бизнисот.
Конференцијата ја отворија Ристе Маревски и Игор Трпковски дел од менаџментот и сопственици на компанијата Axapta Masters, и директорот на Microsoft Македонија и Косово Љупчо Георгиев.
Оваа година конференцијата беше поделена во два дела: Business Stream и Technical Stream.
На првиот ден се реализираа 9 сесии на кои се говореше за најновите технологии и опции кои ги нудат Microsoft бизнис технологиите. Дел од сесиите беа соработници и клиенти на Axapta Masters од Европа, како и од Македонија.
Со истражувањето на најновите трендови и иновации во индустријата, како и со споделувањето на искуства и знаења преку сесии и дискусии, учесниците на Digiton Conference добија целосна слика за влијанието и можностите на Microsoft бизнис технологиите.
Дел од говорниците споделија искуство со дигиталната трансформација на своите компании, а големо внимание привлече и панел дискусијата на тема: Future of Business Applications, AI/Cloud/Security, од која дел беа: Владимир Митрески, еден од тројцата менаџмент партнери и сопственици на компанијата Axapta Masters, Костадин Нечевски, директорот на ИТ одделот во Авто – Мото Сојуз на Македонија, Марио Гидони, Директор IT Merchandising Services од Manor, Нилс Шун, ИТ директор и дигитализација од J. van Walraven Holding B.V., Вилмос Кинтера, Microsoft MVP и раководител на AX, JJ Food Service Limited, Матија Вртачник, ИТ раководител во Docentric и Марта Николовска, BI и DWH менаџер од А1 Македонија.
Голем интерес имаше и за вториот ден на кој во три сали се реализираа 18 технички предавања. Сесиите и дискусиите во рамки на техничкиот ден ги истражија најновите трендови и иновации во индустријата, создавајќи платформа за несебично споделување на знаење и искуство во индустријата.
Второто проширено издание на Digiton Conference се покажа како идеална можност за учесниците да ги збогатат своите знаења од областа и стапат во директен контакт со врвни експерти и професионалци во областа на Microsoft бизнис технологиите. Со големиот интерес и учеството на домашни и меѓународни експерти, како и од компании и клиенти од различни сфери, конференцијата потврди дека е значаен и најголем настан во земјата во областа на Microsoft бизнис технологиите, каде се разменуваат идеи, знаења и искуства.