Со вчерашното ажурирање на watchOS 10.1, сопствениците на Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2 сега имаат пристап до најинтересната нова функција на овие паметни часовници: Double tap, која донесува управувaње преку двојно допирање на палецот и показалецот. Ова е паметен начин за интеракција со вашиот паметен часовник, во случај кога вашата друга рака е зафатена. Тоа беше главната карактеристика на инаку скромното ажурирање на оваа линија часовници.
Како што пишува Macrumors, функцијата иницијално беше достапна за бета тест корисниците на почетокот на овој месец, а сега е достапна за сите со компатибилен хардвер.
Важно е да се напомене дека оваа функција се базира на AssistiveTouch, опција за пристапност која веќе некое време е достапна за корисниците на Apple Watch. Покрај тоа, новата верзија има свои апликации во областа на пристапноста.
Double tap на Apple Watch пристигнува благодарение на Neural Engine во S9 чипот
Во својата сегашна форма, Double Tap е овозможен благодарение на ажурирањето на Neural Engine во S9 чипот. Оваа функција е дизајнирана за различни задачи, вклучително и листање низ известувањата во Smart Stack, паузирање и продолжување на тајмерите и штоперките, одложување на аларми, пуштање и паузирање музика и вклучување и исклучување блиц.
Еве ја целата листа, според Apple:
- Отворaње на Smart Stack од било кој Watch face и листање низ виџетите
- Одговарање и завршување на повици.
- Преглед на пораки од известувања, скролање низ подолги известувања со дополнителен Double Tap, одговарање преку диктирање и испраќање пораки.
- Паузирање, продолжување и завршување на тајмерот.
- Запирање и продолжување на стоперката.
- Одложување на алармот.
- Репродуцирање и паузирање музика, подкасти и аудио книги.
- Примин на новиот приказ на надморкса височина во апликацијата Компас.
- Фотографирање од iPhone со помош на Camera Remote во апликацијата Камера.
- Стартување или прекинување на автоматските потсетници за вежбање.
- Извршување на основни дејства од известувањата, како што е одговор на дојдовна порака од апликацијата за пораки и одложување потсетници, вклучително и оние од трети страни.
Апликацијата приоритетно го бира она што Apple Watch го смета за најрелевантно за начинот на кој моментно се врши интеракција со уредот. На пример, ако стигне повик, тој ќе има приоритет. Во моментов нема API за оваа функција, така што функционалноста е ограничена кога станува збор за апликации од трети страни.