Најмладиот екипаж кинески астронаути утринава замина за кинеската вселенска станица во рамки на вселенската мисија Шенжу-17.
Најмладиот екипаж на кинеската вселенска станица Тиангонг полета во орбитата, објави Space.com. Ракетата „Long March 2F“ беше лансирана од вселенскиот центар во пустината Гоби.
Околу 10 минути по полетувањето, леталото се одвои од ракетата, а кинеската Национална вселенска администрација соопшти дека лансирањето било „целосно успешно“.
Ракетата го носи екипажот Шенжу-17, во кој се и командантот на мисијата Танг Хонгбо (48), ветеран од мисијата Шенжу-12 и поранешните борбени пилоти Танг Шенџие (34) и Џијанг Ксинлин (35). Заедно, тие се најмладата екипа што престојувала на Тјангонг или, во превод, „Небеската палата“. Тие треба да стигнат до станицата во текот на денешниот ден.
„Оваа вселенска станица е втора куќа за нас на патот од Земјата до вселената. За да се вратам во вселената по две години, морав целосно да се опоравам физички и психички, и да продолжам да учам и тренирам“, изјавил Танг пред полетувањето, а пренесува Space.com.
Во орбитата ќе ги пречека тричлена екипа Џинг Хаипенг, Жу Јенгжу и Гуи Хаичао.