Јутјуберот James Channel направи преносна верзија на SNES за само 60 долари. Целиот процес не траеше долго, а конзолата се покажа како целосно функционална
Несомнено е дека Super Nintendo остави длабока и неизбришлива трага во историјата на видео-игрите поради неколку причини. Прво, преку игрите како што се The Legend of Zelda: A Link to the Past и Super Mario World, конзолата донесе иновации кои ги поставија стандардите за идните наслови, а вториот клучен фактор беше неговиот широк и разновиден каталог на игри за сите возрасти.
Иако Super Nintendo доби вистински наследници кои уживаа иста, ако не и поголема популарност, тој и натаму во останува во срцата на ретро гејмерите. Еден од нив е Јутјуберот James Channel, кој одлучи да направи преносна верзија на SNES за само 60 долари.
Финалниот резултат можеби не е естетски привлечен, но сепак е кул. Џејмс го документираше целиот процес на изработка во видео на неговиот канал на YouTube, кое можете да го погледнете подолу.