Покрај ажурираните модели на MacBook Pro, Apple по пауза од две години го надгради и својот 24-инчен iMac, додавајќи го 3-нанометарскиот M3 чип. На тој начин, според компанијата, се постигнува двократен скок во перформансите во споредба со моделот базиран на М1.
M3 има осум-јадрен процесор и десет-јадрен графички процесор, со поддршка до 24 GB RAM и 2 TB простор за складирање. Чипот овозможува скок во продуктивноста кај апликации како Safari и Microsoft Excel до 30%. Покрај тоа, M3 нуди поддршка за до 12 стримови на 4K видео и двојно зголемување на обработката на слики во Adobe Photoshop. Сега има и поддршка за безжично поврзување Wi-Fi 6E.
Ова се главните промени на компјутерот, кој визуелно го задржува дизајнот воведен во 2021 година. Повторно ќе биде достапен во седум опции на бои и тоа зелена, жолта, портокалова, розова, виолетова, сина и сребрена.
Интересно е да се напомене дека новиот iMac користи 100% рециклиран алуминиум. Покрај тоа, постојат и други елементи на рециклирани материјали. Цените во САД почнуваат од 1.299 доалри за верзијата со осум-јадрен графички акцелератор и 1.499 долари за десет-јадрената. Продажбата започнува од 7 ноември.