Се очекува Samsung да ги лансира Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4 во втората половина од годината, а иако се објавени голем број ажурирања, се чини дека ниту еден модел нема да добие сензор за отпечатоци под екранот.
Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3 имаат физички сензори за отпечатоци од прсти, а не сензори во екранот како Galaxy S22, но и покрај патентот кој сугерира дека технологијата може да стигне до флексибилните уреди на Samsung, новиот извештај тврди дека тоа нема да биде случај.
Според Bussines Korea, Samsung го разгледувал користењето на технологијата за својата четврта генерација на смартфони на преклоп, „но неодамна одлучи да не ја користи“.
Се шпекулира дека Samsung се одлучил за употреба на физички сензор во копчето за вклучување, бидејќи е „поповолно во смисла на отклучување на уредите на преклоп, така што природно ќе го препознаваат отпечатоците од прсти, додека ги отвораат своите екрани, поради нивните структурни карактеристики, а не технолошки ограничувања“.
Сепак, се шпекулира дека ќе пристигнат и други подобрувања кај наследниците на Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3, вклучително и подобрена телефото камера за Galaxy Z Fold 4. GalaxyClub тврди дека Galaxy Fold 4 ќе има 3x оптички зум, а не 2x зум, иако резолуцијата ќе падне од 12 мегапиксели на 10 мегапиксели.
Засега ништо не е потврдено, но очекуваме да видиме уште многу гласини за уредите во наредните месеци.