Samsung е меѓу пионерите во индустријата на смартфони со екрани на преклопување, но овој тип на уреди сепак имаат многу висока цена. Новите информации велат дека компанијата се подготвува следната година да претстави подостапни модели.
Оваа информација доаѓа од компанијата за истражување на пазарот TrendForce, која цитира извори во синџирот на снабдување со компоненти. Засега нема дополнителни детали за потенцијални нови преклопни телефони.
Покрај тоа, на пазарот веќе има тенденции за појава на малку поевтини модели како Tecno Phantom V Flip и Motorola razr 40. Тие нудат поскромни функции, но и пониски цени. Флексибилниот телефон на Motorola чини околу 700 евра на глобалниот пазар.
Се очекува дека Samsung ќе примени сличен пристап со идните модели од средната класа во Galaxy Z Fold и/или Galaxy Z Flip линиите преклопни уреди.