Samsung објави дека соработува со Google и Qualcomm за да го развие својот нов уред за проширена реалност – Samsung XR Headset.
Веќе некое време е познато дека Samsung работи на XR уред за да се натпреварува со уредите Apple Vision Pro и Meta Quest 3 во овој сегмент. Јужнокорејскиот технолошки конгломерат објави претходно оваа година дека работи со Google и Qualcomm за развој на овој уред за носење. Сега, нов извештај наведува дека Samsung XR би можел да пристигне во втората половина на 2024 година.
Ако го следите овој сегмент, веќе знаете дека Apple Vision Pro се планира да се појави во продажба на почетокот на следната година. Samsung XR би можел да пристигне неколку месеци по конкуренцијата, што можеби е дел од стратегијата.
Според извештајот на DigiTimes, Samsung треба да го претстави својот XR хедсет, со кодно име „Infinite“, во втората половина на 2024 година. Во оригиналниот извештај беше наведено декаSamsung Electronics Mobile Experience (MX) дивизијата на Samsung Electronics планира да започне со производство на овие носечки уреди во декември следната година.
Најавата за производот, наводно би се се одржила на настанот Unpacked во 2024 година, но не веруваме дека тоа би можело да се случи во август кога традиционално се претставуваат уредите Fold, Flip и новите часовници Galaxy Watch.