NASA ја лансираше својата услуга за видео стриминг, каде што можете да најдете документарни филмови, архивски снимки и преноси во живо од различни настани, сите целосно бесплатни и достапнои на речиси сите платформи
Во денешно време, да се добие стриминг услуга со висококвалитетна и ажурирана содржина, која не прикажува реклами и е достапна по добра цена, навистина не е мала работа – посебно ако е целосно бесплатна и емитува атрактивни научни серии, документарни филмови и настани во живо. Сето ова сега е достапно целосно бесплатно и без никакви ограничувања и е корисно за сите возрасти, благодарение на американската вселенска агенција NASA. Оваа недела вселенската агенција ја лансираше сопствемата стриминг услуга NASA+.
Уште сега на сервисот е можно да се гледаат прилози од историјата на мисиите на NASA, оригинални документарни филмови поврзани со различни проекти и вселената, серија кратки документарни филмови, сè од Apollo па до телескопот James Webb. Достапна е и секција за најмладите, кој ќе ги воведе во светот на научното истражување, а веќе се закажани претстојните лансирања и преноси во живо од Меѓународната вселенска станица.
Услугата може да се гледа преку официјалната веб-страница (plus.nasa.gov) или преку мобилните апликации за една од поддржаните платформи. Пристапот до видео стримингот е обезбеден преку постоечката мобилна апликација на NASA, која е ажурирана со нови функционалности. Покрај Android и iOS, наменската апликација за стриминг NASA+ може да се најде и за Apple TV, Amazon Fire TV и Roku уредите. Паметните телевизори и Android TV боксовите моментно не се поддржани, но тоа не значи дека нема да бидат поддржани во иднина.
За жал, достапната содржина не е локализирана на ниту еден странски јазик освен англискиот (само дел е достапен на шпански). За гледање, што исто така е ретко, не е потребно најавување или регистрација на сметката. Покрај видео на барање, апликацијата нуди специјализирани подкасти, илјадници фотографии, интерактивни искуства во проширената реалност, можност за поставување потсетници за претстојните емитувања или – за прелетување на Меѓународната вселенска станица над вашата локација.