Претстојниот процесор од третата генерација М чипови на Apple – M3 Ultra, се чини дека ќе има дури 80 графички јадра, што е двојно повеќе од M3 Max, но само малку повеќе од M2 Ultra
По лансирањето на трите нови процесори од третата генерација на Apple, компанијата се подготвува да го објави најмоќниот M3 Ultra чипсет од серијата, исто така базиран на процесот на производство од 3 нанометри. Овој чипсет наводно ќе има најголем број графички јадра, што компанијата некогаш ги користела за своите сопствени чипови, односно дури 80 графички јадра.
Иако претходните инсајдерски извештаи укажуваа дека овој процесор сè уште не го поминал опширното тестирање, новите информации сугерираат дека ќе има двојно повеќе графички јадра од од актуелниот врвен модел во серијата, M3 Max. Сепак, во споредба со неговиот Ultra претходник од М2 генерацијата, разликата во графичкиот процесор не е толку голема.
Најдобриот чипсет од претходната генерација, поточно моделот M2 Ultra има 76 графички јадра, што значи дека новиот процесор би имал само уште четири јадра, што може да биде разочарувачко подобрување. На страната на процесорот, чипот наводно би можел да има 32 јадра, како и 256 GB унифицирана или RAM меморија, пишува познатиот новинаро на Bloomberg, Марк Гурман.
Во споредба со M2 Ultra чипот, зголемувањето бројот на процесориски јадра од 24 на 32 може да донесе значително подобрување, но сепак разликата кај графичкиот процесор не е толку изразена. Гурман не објасни зошто компанијата би застанала на споменатиот број графички јадра, но гледајќи ги можностите на моделот M3 Max, можеби едноставно нема причина за дополнително засилување.
Apple можеби ќе го користи својот процес „UltraFusion“ за да комбинира две M3 Max матрици за да формира единствен M3 Ultra, што значи дека перформансите би можеле да скокнат без непотребно зголемување на јадрата.
Сепак, со оглед на тоа што се уште нема информации за пошироко тестирање на новиот процесор, перформансите се уште не се познати. Сепак, како што се приближуваме до следната година и лансирањето на M3 Ultra чипсетот за компјутерите Mac Studio и Mac Pro, ќе добиваме сè повеќе неофицијални информации, кои во повеќето случаи на крајот ќе станат официјални.