Samsung го менува светот на камерата на паметниот телефон уште од објавувањето на првиот Galaxy S телефон во 2010 година. Постојано поставуваме нови граници, започнувајќи од воведувањето на првиот сензор за камера од 200 MP на светот и првиот ноќен режим работа при слаба осветленост, како и моќното зумирање на просторот на телефонот. Исто така, воведовме револуционерни функции за вештачка интелигенција во категоријата паметни телефони – со паметната и интуитивна технологија на Galaxy уредите, корисниците можат лесно да прават исклучителни фотографии и да ги уредуваат на професионално ниво.
Без разлика дали сте сериозен фотограф кој претпочита паметен телефон со професионални карактеристики на камерата или фото-аматер, кој едноставно сака на практичен начин да прави одлични фотографии и видео записи, со ажурираната верзија на One UI 6 на Samsung вие добивате уште посовршено искуство на користење на Galaxy камерата.
Паметните функции го прават секојдневието поедноставно
Ажурираниот One UI 6 ја надоградува технологијата за вештачка интелигенција на Galaxy камерата, со што се минимизира бројот на чекорите потребни за извршување на операциите што најмногу ги користите, а исто така гарантира одличен квалитет на секоја слика.
- Апликација Samsung Galaxy Enhance-X: Оптимални уредувања на фотографии и видео записи непосредно со еден допир:
- Sky Guide ви овозможува да го проширите вашето знаење за астрономијата – кога фотографирате ѕвезденото небо ноќе, функцијата ќе користи вештачка интелигенција за да ја анализира сликата и да ви покаже кои соѕвездија, ѕвезди, галаксии, маглини и кластери сте ги сликале
- Clean Lens обезбедува сликата да изгледа токму онака како што сте замислиле со отстранување на заматеноста од отпечатоците од прсти на леќата на камерата
- Slow-mo помага да креирате забавени снимки од нормални видео записи со генерирање дополнителни кадри
- Long Exposure ги подига кратките видео записи (60 секунди или помалку) на повисоко ниво со анализа на сцените и примена на ефект на долга експозиција, како што е трансформиеање на снимка од фреквентен сообраќај во прекрасни светлосни траги.
- Single Take, популарната функција на Galaxy камерите, сега е достапна во Enhance-X. Применува анализа со вештачката интелигенција на видео записите и ги избира најдобрите фотографии и клипови за содржина што веднаш може да се сподели. Во апликацијата Enhance-X можете да примените Single Take на подвижни слики и видео записи што веќе сте ги сликале/снимиле, за да можете максимално да го искористите моментот дури и откако ќе помине.
- Сечење на сликите со вештачка интелигенција: Сега, кога сечете некој предмет од слика, можете веднаш да го зачувате како стикер, кој потоа може да се додаде на други фотографии и видео записи, кога и да посакате. Кога ќе го допрете и држите предметот, ќе се појави мени, кое ви дава опција да го копирате или споделите исечокот, или да го зачувате како стикер или слика. Ако сакате да го зачувате стикерот, можете едноставно да го повлечете и да го додадете во друга содржина секогаш кога сте во Editor на телефонот или на социјалните мрежи.
- Скенирање документи: Фотографирањето и зачувувањето документи е сега полесно од кога било со новата можност за скенирање содржина, дури и кога вашиот Scene Optimizer е исклучен. АI технологијата на вашиот телефон ќе регистрира кога ќе фотографирате документ и автоматски ќе го отвори екранот за уредување Auto Scan, каде што можете да го ротирате, порамните и зачувате – без никакви дополнителни чекори. Оваа функција дури може автоматски да препознае отпечатоци од прсти на рамката и да ги отстрани. И како дополнителен професионален елемент, можете да ја употребите апликација Enhance-X за да ги отстраните спојниците, така што сликата ќе го прикажува само саканиот скениран документ.
Новите поставки ви овозможуват да го персонализирате начинот на фотографирање
Со One UI 6, вие можете да уживате во цела палета со опции кои ви дозволуваат да ги приспособите поставките на камерата за да одговараат на вашите преференции за максимална удобност при користењето.
- Високи резолуции без подесување: Кога фотографирате во фото или професионален режим, сега има копче за резолуција во менито за брзи поставки на горниот дел од екранот. Со еден допир, можете веднаш да ја префрлите камерата на сликање со висока резолуција и да правите фотографии од 200 MP.
- Прилагодени виџети на камерата. Кога ненадејно ќе се појави совршен момент, One UI 6 се грижи да не губите драгоцено време избирајќи ги вистинските поставки за она што сакате да го фотографирате. Сега можете да ги зачувате вашите избрани режими на фотографирање како виџети за камерата на почетниот екран, така што со еден допир ќе можете да направите неверојатен портрет или јасно ноќно селфи во движење.
Едноставно правење извонредни фотографии
One UI 6 доаѓа со подобрени функции, кои го прават фотографирањето, прегледувањето и организирањето фотографии, заедно со сите видови брзо уредување, полесно од кога било.
- Интуитивен изглед на Photo Editor: One UI 6 носи ново и подобрено мени со алатки во Galaxy камерата, така што е лесно да ги најдете и изберете функциите за уредување што најмногу ги користите. Покрај тоа, можете да ги коригирате вертикалните и хоризонталните порамнувања на фотографиите на еден едноставен екран, благодарение на интеграцијата на функциите за корекција и перспектива во делот за уредување во менито за уредување.
- Нови копчиња за поништување и враќање: Со новите копчиња со стрелки за поништување и враќање, можете лесно да ја менувате големината на фотографиите, аголот и боите без да се грижите дека ќе направите трајни промени што не ви се допаѓаат.
One UI 6 ќе биде достапен во наредните денови. Следете нè за да дознаете повеќе за One UI 6 и за начинот на кој можете да го направите вашето мобилно искуство токму онакво какво што треба да биде – само ваше.