Иако iPhone 15 серијата неодамна пристигна на пазарот, фотографија од батеријата за iPhone 16 Pro го најавува истиот облик L, но и некои нови материјали и малку поголем капацитет.
iPhone 15 Pro е исто вака опремен и со батерија во форма на L. Целта е секако што поефикасно да се користи тесната внатрешност на телефонот.
На фотографиите наводно може да се види батеријата од претстојниот iPhone 16 Pro модел, која на Apple му ја испорачува кинеската компанија Deasy Corporation. Батеријата има малку поголем капацитет од оној во актуелниот iPhone 15 Pro.
Зголемувањето од 3274 mAh на 3355 mAh не изгледа импресивно, особено ако се знае дека екранот на уредот ќе порасне, како што најавуваат доверливи извори.
Battery of early stage iPhone 16 Pro Proto
Features glossy metal shell, 3355mAh Capacity(13.02Wh), LCV 4.48V(Limited Charge Voltage)
Current stage prototype has changed some design: from glossy surface to frosted metal shell, and with a redesigned connector#Apple #appleinternal pic.twitter.com/QvguZ7CrtL— Kosutami (@KosutamiSan) November 20, 2023
Покрај промената на капацитетот, ново е и куќиштето на батеријата, изработено од некој вид брусен метал. Тоа би требало да помогне подобро да се троши топлината, што ќе има корисен ефект врз траењето на батеријата.
Третата иновација е редизајнираниот конектор, кој ја поврзува батеријата со матичната плоча.
Треба да се има предвид дека ова е наводно прототип, па конечниот дизајн на батеријата би можел да биде и поинаков.