OpenAI овозможи гласовни разговори при користење на ChatGPT за сите свои корисници, без разлика дали се претплатници или не.
OpenAI воведе гласовни разговори во ChatGPT за Android и iOS уште во септември, давајќи им на корисниците можност да разговараат со четботот ако сакаат. Оваа функција беше достапна само за претплатниците на Plus и Enterprise, но вети дека ќе ја направи достапна и за други групи корисници. Сега ко-основачот на OpenAI, Грег Брокман,потврди преку социјалната мрежа X дека гласовните разговори на ChatGPT се достапни бесплатно за сите корисници.
Кога компанијата првпат ги воведе гласовните разговори, призна дека способноста за креирање „реални синтетички гласови од само неколку секунди реален говор“ претставува нови ризици. Ова може да им овозможи на злонамерните да се претставуваат како јавни личности или кое било друго лице. Затоа беше одлучено гласовната функција на ChatGPT да биде фокусирана на разговори. Ја покренува text-to-speech модел кој создава „аудио слично на човекот од текст и неколку секунди примероци на говор“. OpenAI работеше со гласовни актери за да ја создаде оваа функција и нуди пет различни гласови.
Брокман најави проширување на новата функција откако се повлече од функцијата претседател на OpenAI. Тој поднесе оставка откако управниот одбор на компанијата го отпушти Сем Алтман како извршен директор, што потоа предизвика хаос со високиот персонал кој се закануваше дека ќе си замине ако не биде вратен на функцијата. OpenAI кратко време потоа објави дека Алтман и Брокман биле вратени на функцијата.