Трката на акциските камери не е само помеѓу компаниите GoPro и DJI, бидејќи тука е и Insta360 како голем играч.
Компанијата Insta360 ја претстави својата нова акциска камера Ace Pro, која може да снима 8К видео, а оваа резолуција не е достапка кај моделите GoPro Hero 12 Black и DJI Osmo Action 4.
Ace Pro го има истиот сензор од 1/1,3 инчи како Osmo Action 4, што е поголем од сензорот што го користи Hero 12 Black и креира фотографии од 48 MP во JPEG или DNG необработен формат. Ако корисникот не треба да снима 8K видео, тогаш 4K видеото е исто така многу солидно и се снима при 120 fps.
Insta360 користи и невронски мрежи со вештачка интелигенција за да го намали видео шумот за да испорача чисти видеа при слаба осветленост во PureVideo режимот, а режимот за активен HDR видео е достапен кога условите на осветлување се лоши. Стабилизацијата FlowState се грижи за стабилни снимки, додека можноста за „заклучување“ на хоризонтот го одржува нивото на видеото без оглед на преземените активности.
Потоа, тука е и одличниот дизајн. За разлика од неговите ривали, физички поголемиот и потежок Ace Pro има поголем екран на допир и се свртува за потребите на снимање во селфи мод. Кога корисникот е во движење и прави видео и фотографии, погледот од кој било агол ќе биде особено корисен, без разлика дали се работи за блог или спорт.
Камерата поседува помошни видео алатки поддржани од технологијата за вештачка интелигенција, како што е контрола на движења за активирање на режимите за фотографии и снимање со тајмер, како и алатки за уредување видеа кои можат да ги изберат најдобрите делови од снимката.
Исто така, корисникот има избор помеѓу магнетни држачи за брзо ослободување и стандардна монтажа. Камерата е водоотпорна до длабочина од 10 метри и чини 449,99 долари. За нешто помалку напредниот модел Ace, треба да се издвои 379,99 долари.