Американската вселенска агенција одлучи да потпише договор вреден 20 милиони долари со сопственикот на Amazon и Blue Origin
Најбогатиот човек на светот, Eлон Маск, сопственик на SpaceX, Tesla и X, своевремено го нарече вториот најбогат човек на светот, Џеф Безос, сопственикот на Amazon и Blue Origin, дилетант на вселенското истражување. Меѓутоа, во таа вселенска битка милијардерот Маск доби толку силен удар, веројатно најсилен досега, што заврши во нокдаун – американската агенција NASA реши да испрати две вселенски научни возила на Марс со ракетата на Безос – New Glenn, пишува Daily Mail.
Договорот е вреден 20 милиони долари, а леталото треба да биде лансирано до август 2024 година.
Првичниот план беше NASA да испрати летало на Марс со ракетата Falcon Heavy во октомври оваа година, заедно со вселенското летало Psyche. Сепак, вселенската агенција се откажала од тој план.
Новиот план беше објавен неколку дена откако ракетата на Маск, која требаше да носи товар и патници до Месечината и Марс, експлодираше при вториот обид за лансирање.
Пар идентични летала се дел од мисијата ESCAPADE. Тие ќе летаат во вселената со ракетата New Glenn, а двете на себе имаат по три инструменти со кои ќе го истражуваат влијанието на сончевите ветрови врз магнетосферата на Црвената планета. Според планот, патувањето ќе трае 11 месеци, а потоа ќе биде во орбитата на Марс.