Во текот на изминатите месеци, бевме сведоци на бројни гласини поврзани со следната генерација на флегшип паметни телефони на Samsung во Galaxy S24 серијата. Ова вклучува многу спецификации, но и компјутерски генерирани фотографии кои ни покажуваат како би можеле да изгледаат уредите.
Сега, сепак, наводни вистински фотографии од претстојниот Galaxy S24 Ultra се споделени на социјалната мрежа X. Уредот би требало да има дизајн доста близок до оној на актуелниот Galaxy S23 Ultra, но ќе има и одредени промени. На пример, двата помошни сензори на главната камера сега имаат опипливи испакнатини.
Покрај тоа, хардверските копчиња изгледаат малку поголеми и има дополнителен елемент додаден десно од рамката, а екранот се чини дека е рамен.
#S24Ultra
Éste es el nuevo #S24 Ultra sin pantalla curva pic.twitter.com/6haBo4RohS— David Martin (@DavidMa05368498) November 16, 2023
Особено се очекува Galaxy S24 Ultra да користи ново специјално издание на Snapdragon 8 Gen 3 чипот во сите региони. Покрај тоа, ќе има и поголем акцент на технологии и решенија со вештачка интелигенција.
Инаку, премиерата на Samsung Galaxy S24 серијата веројатно ќе се одржи на 17 јануари во Сан Хозе.