Android 14 ја засилува приватноста со функција која може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од вашето допишување, а некои апликации ова веќе го применуваат.
ерманската шопинг апликација OTTO стана една од првите апликации што ја прифати оваа функција, па кога ќе направите скриншот (слика од екранот) во апликацијата, добивате известување дека сте „фатени на дело“.Google објасни дека Android 14 вовел API наменет да го направи откривањето на слики од екранот пораспространето, така што апликациите ќе можат да добиваат известување секогаш кога ќе се направи слика од екранот.
Да бидеме појасни – апликацијата знае само дека сте направиле скриншот, а не што всушност било прикажано во тој момент.
Откако ќе бидат известени, програмерите можат да бидат креативни за тоа што ќе се случи следно. На пример, апликациите за пораки може да ги известат луѓето кога некој ќе направи скриншот од нивниот разговор.
Сепак, можно е апликациите да „снимат“ скриншот направен само со копчиња (на пр. истовремено притискање на јачината на звукот и исклучувањето или слична комбинација).
Многу телефони денес имаат можност да снимаат слики од екранот со помош на различни гестови, а има и апликации кои го прават тоа, а сето тоа е начини да се заобиколи API-то што следи што се прави. За такви, постои постар API што им овозможува на апликациите да блокираат слики од екранот.