Иако официјалните спецификации на Realme GT5 Pro ќе ги дознаеме на 7 декември на претставувањето, не престануваат да се појавуваат инсајдерски информации за претстојниот смартфон
Уште еднаш на интернет се појавија потенцијални спецификации на Realme GT5 Pro, иако официјално ќе ги дознаеме на 7 декември, кога е планирано да биде лансиран смартфонот. Инсајдер под името @yabhishekhdob на мрежата X објави дека претстојниот флегшип телефон на Realme ќе има простор за складирање до 1 TB, како и USB 3.2 порт.
Ова се гледа од рекламните постери кои ги објави дојавувачот гна својот профил и навистина делуваат како официјални тизери на компанијата. И покрај тоа што кинеската компанија беше многу активна во промоцијата на својот претстоен телефон, упатените го зголемија исчекувањето на овој уред со објавување на нивните информации.
Досега дознавме дека Realme GT5 Pro ќе поседува камера сензор Sony IMX890 со 50 MP на перископ телефото камерата со 3x оптички зум, а на задната страна на телефонот ќе има и опција со материјал од веганска кожа.
Гласините откриваат и дека најверојатно ќе биде присутен 6,78-инчен LTPO AMOLED екран со стапка на освежување од 144 Hz и 1,5K резолуција. Максималната осветленост треба да изнесувга до 4.500 нита, со PWM и DC затемнување.
Новиот рекламен постер укажува и дека брзината на USB конекцијата треба да биде 10 пати поголема од USB 2.0, така што се претпоставува дека Realme ќе користи контролер од 5 Gbps, исто така познат како USB 3.2 Gen 1×1 или USB 3.1 Gen. или USB 3.0.
Чипсетот што ќе го покренува телефонот е Snapdragon 8 Gen 3, најновиот мобилен процесор на Qualcomm, а благодарение на пропустите во малопродажбата, телефонот наводно ќе чини само 3.500 кинески јуани, што е помалку од 500 евра. Се разбира, оваа цена важи за Кина, без трошоците за испорака и даноци за дистрибуција за други пазари.