Apple ја објави release candidate верзијата на iOS 17.2, а со неа доаѓа и интересна промена која влијае на претходните две генерации паметни телефони на компанијата. Со неа, iPhone 13 и iPhone 14 добиваат поддршка за безжично полнење со новиот безжичен стандард Qi2.
Наскоро го очекуваме и дебито на финалната верзија. Инаку, Qi2 стандардот се очекува да биде официјално одобрен од Wireless Power Consortium до крајот на годината. Наспроти ова, на пазарот веќе има полначи кои ја користат оваа технологија.
Qi2 додава магнетна технологија во Extended Power Profile, за да може да сметате на постабилна врска и пренос на енергија. Максималната поддржана моќност изнесува 15 вати.
Apple веќе ја додаде поддршката за Qi2 во новата iPhone 15 серија.