Мета воведува end-to-end шифрирање за поединечните разговори во Messenger. На тој начин, само вие и лицето што ги прима вашите пораки ќе ја видите содржината.
Потсетуваме дека шифрирањето беше воведено во 2016 година како опционална функционалност, но оваа опција сега ќе биде стандардно овозможена.
Воведената заштита нема да ја промени функционалноста во разговорите. Компанијата забележува дека транзицијата ќе биде етапна. Шифрирањето на групните разговори во моментов останува опционално, но и тоа ќе се промени со текот на времето.
Шифрирањето е важно бидејќи Meta не само што нема да може да пристапи до содржината, туку ќе биде недостапно и за органите на прогонот. Сепак, тоа понекогаш може да го попречи откривањето на кривични дела.