Уредите од iPhone 16 серијата, кои се очекува да се појават во третиот квартал следната година, се очекува да воведат нова функција која ќе го олесни и забрза снимањето видеа.
Според извештајот на новинарот Марк Гурман од Bloomberg, идните уреди ќе имаат Capture копче кое ќе им овозможи на корисниците да почнат да снимаат видео со едноставно притискање на едно копче.
Capture копчето ќе се наоѓа на долниот десен агол на iPhone 16, заменувајќи ја mmWave антената што моментно постои кај моделите во САД.
Антената ќе биде преместена на левата страна на уредот, под копчето за јачина на звук и Action копчето. Моделите надвор од САД немаат mmWave антена, така што нема биде потребна никаква промена за да се приспособат на Capture копчето.
Копчето нема да биде физичко, туку капацитивно, обезбедувајќи тактилни повратни информации. Ќе има и сензор за сила што може да детектира различни нивоа на притисок. Не е јасно како точно ќе работи копчето, но можно е лесно притискање да ја вклучува камерата, додека со посилно притискање ќе започне снимањето видео.
Друга можност е копчето да нуди различни опции за фотографирање или снимање видеа (вклучувајќи spatial видеа) во зависност од нивото на притисок.
Capture Button е една од главните дизајнерски промени што Apple ги планира за iPhone 16, а iPhone 16 Pro уредите се очекува да добијат поголеми екрани, и тоа 6,3 инчи наспроти 6,1 кај помалиот Pro модел и 6,9 инчи наспроти досегашни 6,7 кај iPhone 16 Pro Max. Новото копче да биде достапно на сите четири модели на iPhone 16, кои најверојатно ќе бидат објавени во септември 2024 година.
Capture Button може да биде корисен додаток за корисниците кои сакаат брзо и лесно да снимаат видеа, особено со претстојниот Vision Pro. AR уредот може да поддржува 3D просторни видеа што може да се снимаат со iPhone 16 и да се репродуцираат на имерзивен начин.
Во моментов, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max можат да снимаат просторни видеа користејќи ги Wide и Ultra Wide камерите истовремено, со оваа функција додадена во iOS 17.2.
Стандардните модели на iPhone 16 ќе имаат нов вертикален распоред на леќите, што ќе им овозможи да снимаат и Spatial видеа, така што оваа функција нема да биде ограничена само на Pro моделите во иднина. Сепак, овие Spatiial видеа ќе може да се гледаат само со помош на уредот за проширена реалност Vision Pro, кој ќе се појави во продажба на почетокот на следната година.