Кинеската компанија ги откри првите Xiaomi, Redmi и Poco смартфони што ќе го добијат HyperOS оперативниот систем.
Xiaomi официјално го објави почетокот на ажурирањето на глобалните верзии на телефони на HyperOS, новиот оперативен систем што технолошкиот гигант го претстави во октомври годинава.
Компанијата во објава на X наведе дека поддржаните уреди постепено ќе почнат да го добиваат OTA ажурирањето, со првиот квартал од 2024 година како пробен датум. Ова се првите 9 уреди на кои пристигнува HyperOS:
- Xiaomi 13 Ultra
- Xiaomi 13 Pro
- Xiaomi 13
- Xiaomi 13T Pro
- Xiaomi 13T
- Redmi Note 12
- Redmi Note 12S
- Xiaomi Pad 6
- Poco F5
Секако, Xiaomi нема да застане на овие осум телефони и таблетот Pad 6 – датумите и имињата на другите уреди ќе бидат објавени подоцна.
За потсетување, технолошкиот гигант официјално го објави HyperOS во средината на октомври, а беше лансиран заедно со серијата телефони Xiaomi 14. Новиот оперативен систем е базиран на Android и носи многу подобрувања во споредба со MIUI. Меѓу другото, се работи за побрз и полесен софтвер, кој е наменет за телефони, таблети, IoT уреди, па дури и за автомобили.