На Reddit се појави објава во подфорумот r/WearOS дека Fossil се откажува од производството на паметни часовници со мобилниот оперативен систем на Google.
Се чини дека Fossil се откажал од производство на паметни часовници со WearOS, што значи дека корисниците никогаш нема да го дочекаат Fossil Gen 7.
„Денес бев во продавница на Fossil и тамошниот менаџер ми рече дека веројатно повеќе нема да има друг паметен часовник со WearOS од Fossil. Ќе ги распродадат сите WearOS часовници и тоа е тоа. Му благодарам на Google што го уништи бизнисот на Fossil со туркање на часовниците на Samsung“, напиша еден корисник на Reddit.
Иако Fossil се уште ништо официјално не потврди, факт е дека за ова се „шушка“ веќе подолго време. Имено, Gen 6 на компанијата беше претставен пред 2021 година, а оттогаш нема никакви новитети во нивното портфолио на паметни часовници, иако дотогаш беа издавани нови модели секое лето.
Покрај тоа, како што наведува GSM Arena, има и недостаток на протечени информации за Gen 7, што исто така може да укаже дека Fossil навистина се откажал од паметните часовници со WearOS.