Tinder започна ново „ексклузивно членство“ кое доаѓа со значајна месечна цена за оние кои ќе се пријават и ќе добијат одобрение од апликацијата за запознавање.
Од Tinder велат дека членството во Select моментно има ограничена достапност и дека оваа опција не ја добиваат сите кои ја користат апликацијата за запознавање. Тој нуди членство само за „помалку од еден отсто од корисниците за да се обезбеди дека ќе добијат најекскулзивно можно искуство“.
Tinder Select прв пат стана достапен преку повици во септември, кратко откако матичната компанија Match Group им кажала на акционерите дека е на пат да лансира врвно членство на почетокот на есен.
„Очекуваме дека почетната цена ќе биде значајно повисока од моменталните понуди на Tinder со оглед на значајните дополнителни погодности кои членовите ќе ги добијат и неговата ограничена достапност“, рекле тогаш од Match Group, која исто така управува и со Hinge, The League, Planet of Dish и други апликации.
Tinder има три постоечки претплати – Tinder +, Tinder Gold и Tinder Platinum, кои имаат различни карактеристики и цени, а сега тука е ексклузивното членство.
Корисниците на апликацијата за запознавање може да добијат пристап во Tinder Select, кога Tinder ќе ги прегледа нивните профили и ќе ги одобри нивните пријави. Се бара корисниците да имаат верифицирани фотографии и јасно изразена цел во врска.
Членството во Tinder Select доаѓа со погодности како што се тестирање на нови функции пред други корисници, добивање на приоритети за профили кои им се доаѓаа, можност за праќање пораки два пати неделно и користење на апликацијата без огласи.