Марс не само што некогаш содржел вода, туку имало и големи поплави во неговото минато. Јасен доказ дојде од роверот Perseverance, кој фотографираше големи, тешки камења кои покриваат дел од кратерот Језеро, исушена речна делта.
Се верува дека изобилните и моќни поплави пред милијарди години ги донеле овие заоблени камења во кратерот што моментално го истражува роверот Perseverance. Ова се случило за време на еден од трите главни периоди што научниците ги идентификуваа во развојот на езерскиот и речниот систем што го окупирале кратерот Језеро во далечното минато.
Пред 3,5 милијарди години, изобилство на вода течело низ марсовската рамнина наречена Isidis Planitia пред да ги пробие ѕидовите на кратерот. Понекогаш водата носела камења, кои се гледаат на фотографиите.
Роверот Curiosity исто така забележал докази за настани поврзани со водата на Марс на околу 3.700 километри од кратерот Језеро.
Колосалните текови вода течеле на планината Шарп на Марс носејќи кал и камења со големина на автомобили, оставајќи го зад себе денешниот истакнат гребен.
Една од основните мисии на роверот Perseverance е да бара потенцијални знаци на минат живот на Марс, иако сè уште нема докази за неговото постоење. Но, ако микробите некогаш еволуирале на Црвената планета, роверот е дефинитивно на идеалното место. Кратер Језеро некогаш бил место на потоци, реки и огромно езеро широко 35 километри. Животот можеби напредувал во влажната почва на овој регион, слично како и на Земјата.
Let’s take a tour of Mars with @NASAPersevere 👀
Project scientist Ken Farley walks us through this detailed 360-degree, 2.38-billion pixel panorama made from 993 individual images. pic.twitter.com/nBq8rLwqZB
— NASA JPL (@NASAJPL) December 27, 2023
Perseverance собира и недопрени примероци од површината на Марс бидејќи НАСА сака внимателно да ги испита карпите и почвата, како и сè што тие содржат.
„Следните мисии на НАСА во соработка со Европската вселенска агенција ќе испратат вселенски летала на Марс за да собираат запечатени примероци од површината и да ги вратат на Земјата за длабинска анализа“, соопшти NASA.