Федералниот апелациски суд му даде дозвола на Apple да продолжи со увоз на моделите на паметни часовници Watch Series 9 и Watch Ultra 2.
Одлуката на судот доаѓа еден ден откако Apple поднесе жалба против одлуката на ITC (Меѓународната трговска комисија), со која се забранува увозот на двата модели на Apple Watch, кои се во центарот на патентниот спор.
Одлуката на судот е привремена, а ITC има рок до 10 јануари да одговори на потезите на Apple. Ова значи дека Apple може да продолжи да го продава Apple Watch на својата веб-страница и во продавниците на Apple во САД, откако компанијата накратко престана со продажба минатата недела.
ITC пресуди дека Apple прекршил два патенти кои припаѓаат на Masimo. Двата патента се однесуваат на сензори за кислород во крвта, кои Apple ги користи во повеќето модели на часовници од 2020 година. Дури и американскиот претседател Џо Бајден не стави вето на одлуката на ITC, што значеше почеток на забраната за увоз на часовници, која стапи на сила минатата недела.
Во својата жалба во вторникот, Apple тврдеше дека компанијата ќе претрпи непоправлива штета доколку продолжи забраната.
Apple моментно ја истражува можноста за редизајнирање на сензорот за кислород во крвта во своите часовници, откако и ITC и Masimo се согласија дека само софтверската закрпа е недоволна за да се реши спорот околу патентот.