Разбирањето на ефектот на солзите врз агресијата може да фрли светлина врз социјалните хемосигнали и нивната улога во човековото однесување.
Едно необично истражување покажа дека мирисот на женските солзи ја намалува агресијата кај мажите за 44%. Во истражувањето осмислено да предизвика реакција, откриено е дека женските солзи содржат хемикалии кои значително ја намалуваат агресивноста кај мажите.
Откриено е дека мажите кои мирисале солзи биле 44% помалку агресивни кога играле игрици осмислени да предизвикаат одговор. Една студија објавена во PLOS Biology известува дека има соодветно намалување на активноста на мозокот во областите поврзани со агресивност кога се присутни солзи.
„Намалувањето на агресивноста ни беше импресивно, се чини реално. Што и да е во солзите всушност ја намалува агресијата“, рече Ноам Собел, професор по невробиологија на Институтот за наука „Вајцман“, кој ја водел студијата заедно со лекарот Шани Агрон.
Агресивната реакција била ставена во игра бидејќи мажите биле наведени да веруваат дека жената ги изневерува и дека тие би можеле да се одмаздат, а со помош на магнетна резонанца се покажало дека префронталниот кортекс, кој е поврзан со делот од мозокот кој влијае на агресијата, бил значително помирен кај оние субјекти кои мирисале женски солзи.
Претходно беше познато дека агресивноста на мажјаците кај глодарите се намалува кога мирисаат на женски солзи поради социјална сигнализација.
Професорот Собел верува дека хемикалиите веројатно нема да имаат големо влијание врз социјалната интеракција меѓу возрасните, но солзите можеби еволуирале за да ги заштитат бебињата. Авторите додаваат дека пронашле слично однесување кај глувците, што е во спротивност со идејата дека емоционалните солзи се уникатно човечки.