Веќе подолго време се шпекулира дека претстојната Galaxy S24 серија на Samsung ќе биде најнапредна кога станува збор за вештачката интелигенција, а сега конечно се познати некои од AI функциите што ќе ги содржи
Samsung ќе ја претстави Galaxy S24 серијата за нешто повеќе од две недели, а поради претходно објавените неофицијални информации веќе знаеме што да очекуваме од сите три нови модели. Откако беа објавени спецификациите и цените, сега е откриено дека S24, S24+ и S24 Ultra ќе имаат две корисни функции за вештачка интелигенција – Live Translate и Generative Edit..
Имено, дојавувачот Arsene Lupin објави скриншот на мрежата X кој покажува нецелосна листа на функции што ќе ги имаат новите флегшип паметни телефони на Samsung. Таму, меѓу другото, може да се види дека функцијата Live Translate со помош на вештачка интелигенција ќе им олесни на корисниците да комуницираат на различни јазици во реално време, а сето тоа во рамките на апликацијата Samsung Phone.
Galaxy Eureka AI-Software pic.twitter.com/HCMQ7sGlpT
— Arsène Lupin (@MysteryLupin) December 29, 2023
Понатаму, се чини дека Generative Edit всушност ќе биде Samsung верзијата на Magic Editor на Google. Се работи за функција првенствено наменета за уредување фотографии. За нејзини користење ќе биде потребна сметка на Samsung и активна интернет конекција, што сугерира дека целиот процес ќе се одвива во облак.
На скриншотот објавен од Lupin се појавуваат и функциите Nightography Zoom, High Resolution и Screen Display, но засега не е познато дали за својата работа ќе користи AI.