Очекуваме Honor да ја лансира својата нова Magic6 серија паметни телефони на 10 јануари во Кина. Во меѓувреме, пак, не недостасуваат податоци за идната генерација.
Сега сме сведоци и на официјална фотографија од Magic6, која ја сподели Извршниот директор на компанијата, Џорџ Жао. Посебно внимание посветува на дизајнот на уредот и конкретно на делот за главната камера.
Во меѓувреме, дојавувачот Digital Chat Station, исто така, подели фотографии од Pro моделот. Според него, уредот ќе има варијанти со 256/512GB и 1TB простор за складирање.
Ќе биде интересно да се види кога новите уреди ќе станата и глобално достапни, бидејќи не е исклучено повторно тоа да се случи за време на Мобилниот конгрес во Барселона.