Овој јануари ќе биде доста интересен во поглед на дебито на голем број паметни телефони. Вчера дознавме дека Samsung ќе ја претстави Galaxy S24 серијата на 17 јануари, а многу е веројатно дека овој месец ќе се појави и Galaxy A55.
Во меѓувреме, од објава на Xiaomi на социјалната мрежа X дознаваме дека компанијата подготвува премиера на нови уреди за 15 јануари. На овој датум ќе се одржи меѓународното лансирање на Redmi Note 13 серијата, која кон крајот на минатата година беше најавена во Кина, а на 4 јануари е и претставувањето на уредите во Индија.
„Повеќе од само бројки, создадени да бидат икони. Надградената камера, дисплеј и искуство овозможуваат карактеристики на премиум ниво за секого“, се вели на промотивната страница на Xiaomi Redmi Note 13.
🗓Save the date: Jan 15th, 2024!#RedmiNote13Series is zooming your way with #EveryShotIconic. 🚀 pic.twitter.com/vuACeTwviL
— Xiaomi (@Xiaomi) January 3, 2024
Во Кина дебитираа три модели и тоа, Redmi Note 13, Note 13 Pro и 13 Pro+. Sвезди на презентацијата секако ќе бидат Pro моделите со главни камери од 200 мегапиксели со големина од 1/1,4 инчи, 6,67-инчни AMOLED екрани од 120 Hz и батерии со голем капацитет. Предводникот на целата серија, Redmi Note 13 Pro+ пристигнува со IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина и Dimensity 7200 Ultra чипсет.
Од друга страна, Redmi Note 13 Pro има Snapdragon 7s Gen 2 чип и батерија со капацитет од 5.100 mAh. Стандардниот модел има главна камера од 108 мегапиксели, ист екран како и неговите поскапи „браќа“, но го покренува послаб Dimensity 6080 чип направен на производствен процес од 6 нанометри.


