Компанијата Telegram објави дека го подобрила квалитетот на разговорите преку својата истоимена платформа.
Telegram воведе нов дизајн на повици и нови анимации кои треба да го надминат неговиот главен конкурент, апликацијата WhatsApp на Meta.
Позадините на Telegram ќе се менуваат врз основа на статусот на повикот, односно врз основа на тоа дали телефонот ѕвони или повикот е во тек или разговорот е завршен, пренесува порталот Tech Crunch.
Новиот интерфејс бара помалку ресурси од претходно, што значи дека заштедува батерија и работи подобро на постари уреди.
Квалитетот на звукот за време на разговорите преку Telegram се подобрува и неговото подобрување ќе продолжи во текот на 2024 година, се додава во соопштението на компанијата од Дубаи.
Channel messages of any type can be reposted as stories – adding a copy of the message that you can move, resize and decorate.
To repost a message, tap the share arrow next to it and select 'Repost to Story'. #TelegramTips pic.twitter.com/L9jkPnkvea
— Telegram Messenger (@telegram) January 3, 2024
Дополнително, Telegram ја воведува својата забавна анимација „испарување“ и за корисниците на iOS и за Android која се појавува секогаш кога корисникот ќе избрише порака.
Пред еден месец, Telegram најави прилагодување на емотиконите за реакции и подобрување на другите функции за подобра конкуренција со конкурентот WhatsApp.
Платформата WhatsApp на Meta ја користат околу две милијарди луѓе месечно, а Telegram има повеќе од 800 милиони активни корисници на месечно ниво.