Компанијата Oppo официјално го претстави својот најнов флегшип смартфон Find X7 Ultra. Станува збор за уред кој донесува неколку новитети во индустријата за паметни телефони и кој е прв со две телефото перископ камери и прв со Sony LYT-900 сензор од 1 инчи.
За поставувањето на камерата повторно се погрижи шведската компанија Hasselblad. Find X7 Ultra го донесува таканаречениот hyperTone мотор, кој ветува природен изглед на фотографиите без да се загрози квалитетот.
Смартфонот посеудва 6,82-инчен LTPO OLED екран со QHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz. Максималната осветленост на екранот е 4.500 нита и поддржува ProXDR, што е верзија на Oppo на Ultra HDR фото форматот. Уредот го покренува Snapdragon 8 Gen 3 процесорот на Qualcomm, поврзан со до 16 GB LPDDR5X RAM и 512 GB внатрешна меморија UFS 4.0.
Камерите се во центарот на вниманието со причина. Oppo „спакува“ четири моќни сензори од 50 MP со втората генерација на 1-инчниот Sony LYT-900 поставен во широката камера. Отворот на бленда f/1.8 и има оптичка стабилизација на сликата. Ултрашироката камера користи уште еден сензор на Sony, LYT-600 со големина од 1/1,95″ и фокусна должина од 14 mm. Отворот е f/2.0 и има автоматски фокус, за да може да фотографира предмети на далечина од 4 см.
Двојната перископ камера е уникатно решение. Oppo X7 Ultra ја задржува 65mm 3x перископ камерата со 1/1,56″ Sony IMX 890 сензор од Oppo Find X6 Pro, кој има отвор на бленда f/2.6, оптичка стабилизација на сликата и минимално растојание за фокусирање од 25 cm.
Има и 135 mm 6x телефото камера со 1/2,51″ Sony IMX 858 сензор, кој има оптичка стабилизација на сликата и може да фокусира од далечина од 35 cm. Oppo тврди дека поставката со четири камери нуди зум помеѓу 14 и 270 mm без забележително намалување на квалитетот на сликата.
Апликацијата има Master Mode развиен во соработка со Hasselblad, а тоа е напреден Pro режим кој ќе му овозможи на корисникот да ги прилагоди параметрите и да овозможи RAW фотографирање. 16-битен режим RAW MAX пристигнува со ажурирањето во март.
Oppo Find X7 Ultra се напојува со батерија од 5.000 mAh која поддржува жично полнење од 100 W и безжично полнење од 50 W. Уредот користи оперативен систем Android 14 со интерфејс ColorOS.
Двобојниот дизајн на претходниот модел еволуираше, така што новиот смартфон изгледа поубаво. Достапни се три бои, и тоа Ocean Blue, Sepia Brown и Tailored Black.
Засега, Oppo Find X7 Ultra ќе биде достапен само во Кина. Моделот со конфигурација 12/256 GB чини 840 долари, верзијата 16/256 ќе се продава по цена од 910 долари, додека цената на најскапата конфигурација 16/512 е 980 долари.