Apple објави дека уредот за проширена реалност Vision Pro ќе биде пуштен во продажба во САД почнувајќи од 2 февруари и ќе биде достапен во сите продавници на компанијата, како и онлајн. Нетрпеливите ќе можат да го нарачаат уште од 19 јануари.
Уредот ќе чини 3.499 долари за верзијата со 256 GB, но ќе бидат достапни и дополнителни ZEISS оптички додатоци. Оние за читање ќе чинат 99 долари, а оние со диоптер на рецепт ќе бидат 149 долари. Приклучоците се неопходни бидејќи уредот цврсто се вклопува на лицето и не можат да се користи со очила.
Vision Pro беше претставен на WWDC конференцијата за програмери во јуни минатата година. Уредот обезбедува 4K резолуција за секое око и овозможува префрлување помеѓу проширена и виртуелна реалност преку специјално копче на рамката. Vision Pro користи два процесори, од кои едниот се занимава со обработка на податоци од сензорите, камерите и микрофоните.