Првиот AR лаптоп во светот, Spacetop веќе може да се купи по цена од 2.150 долари, што е значително поевтино од просторниот компјутер Vision Pro на Apple.
Израелската компанија Sightful на годинашниот CES саем во Лас вегас го претстави Spacetop, првиот AR лаптоп во светот, кој веќе е достапен за купување по цена од 2.150 долари. Поради комбинацијата на технологијата за проширена реалност и традиционалните елементи на лаптопот, уредот е дизајниран со цел да ја зголеми продуктивноста на корисниците.
За вистински да го постигне ова, Spacetop користи VR очила наместо екран на кој се навикнати корисниците. Поради оваа причина, може да се каже дека се работи за еден вид варијација на Apple Vision Pro, со додавање на периферни уреди како глувче и тастатура.
Исто како уредот на Apple, Spacetop користи интерфејс за мешана реалност што му овозможува на корисникот истовремено да ја гледа својата околина и виртуелните екрани на кои работат одредени програми, пренесува Interesting Engineering.
„Повратните информации што ги добивме од корисниците при раното тестирање директно ги информираа нашите подобрувања на софтверот, помагајќи ни да го доведеме до точка каде што сме подготвени да го донесеме Spacetop на пошироката јавност за да може да ја искусат следната фаза во еволуцијата на преносните компјутери и вредноста што AR може да ја внесе во нивниот секојдневен живот“, рече Тамир Берлинер, извршен директор на Sightful.
Повеќе информации за нарачката и спецификациите на Spacetop се достапни на овој линк.