Според ММФ, најбезбедни работи се оние со висока комплементарност со вештачката интелигенција, што значи дека технологијата ќе помогне во нивната работа, без во целост да ги истисне.
Вештачката интелигенција ќе влијае на најмалку 40 проценти работни места ширум светот и клучно е земјите да изградат мрежа на социјална безбедност за да го ублажат влијанието на ранливите работници, смета лидерката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева.
Вештачката интелигенција (AI) е подготвена длабоко да ја промени глобалната економија, а понапредните економии ќе бидат во поголем ризик од нарушување.
Анализата на ММФ вели дека околу 60% работни места во напредните економии како што се САД и Обединетото Кралство се под ризик од вештачката интелигенција и дека половина од тие работни места би можеле да бидат погодени. Но, технологијата исто така би можела да помогне во зголемување на продуктивноста.
Според ММФ, најбезбедни работи се оние со висока комплементарност со вештачката интелигенција, што значи дека технологијата ќе помогне во нивната работа, без во целост да ги истисне. Тоа ги вклучува работните места со висок степен на одговорност и работи кои вклучуваат интеракција со луѓе, како хирург, адвокат и судија.
Работните места со ниска комплементарност ќе бидат во многу поголем ризик. Тоа се работни места кои имаат поголема можност да ги замени вештачката интелигенција, како телемаркетинг или работни места кои не вклучуваат потреба од човечка интервенција.
Изложеноста на работните места на вештачката интелигенција е 40 проценти во пазарните економии во раст, а ММФ ги посочува државите како Кина, Бразил и Индија.