Apple најверојатно ќе го лансира својот нов уред Vision Pro надвор од Соединетите американски држави пред WWDC 2024 конференцијата за програмери (почетокот на јуни), објави денеска аналитичарот Минг-Чи Куо.
Во новата објава на Medium, Куо рече дека Apple планира да сподели нови детали за visionOS со програмерите од целиот свет на својата светска конференција за програмери (WWDC) во 2024 година. За да го направи овој притисок кон глобалните програмери исплатлив, Apple треба да го направи Vision Pro достапен на пазарите кои се надвор од САД пред настанот. Достапноста на глобално ниво на Vision Pro пред WWDC очигледно ќе му овозможи на Apple да промовира „глобален екосистем за развој“ за visionOS.
Куо објасни дека образложението на Apple за одржување на продажбата на Vision Pro ексклузивна во Соединетите Држави на почетокот се должи на ограничената понуда, желбата да се осигура дека процесот на продажба оди непречено пред да се прошири и да обезбеди време да го измени неговиот софтвер за да биде соодветен за другите земји. Откако ќе се решат овие проблеми, Куо верува дека Vision Pro ќе се продава во повеќе држави.
Apple ја одржува WWDC конференцијата на почетокот на јуни секоја година од 2007 година, така што постои голема веројатност да се одржи во исто период и оваа година. Претходно овој месец, Марк Гурман од Bloomberg истакна дека лансирањето на Vision Pro во другите земји ширум светот „всушност нема да биде многу подоцна“ од неговото објавување во САД. Се вели дека Apple ги разгледува Велика Британија, Канада и Кина како следни пазари кои ќе го добијат производот.