Минатиот месец се појавија првите индикации дека Apple може да додаде Capture копче за камерата на претстојната iPhone 16 серија. Сега има нови податоци кои ова го потврдуваат ова и додаваат повеќе детали.
The Information цитира познати извори, кои велат дека Apple навистина планира да воведе такво копче. Станува збор за хардверско копче кое ќе биде сместено во долниот лев дел од куќиштето на телефоните.
Копчето ќе биде чувствително и на допир и на притисок и ќе може да има и дополнителна функционалност. Така, лесното притискање ќе го активира фокусот, а целосното притискање ќе снима.
Други опции се поминување со прстот врз копчето за зумирање, а таканаречениот Capture button моментно се тестира за сите модели од серијата.