ЦЕФТА ја нагласи важноста од проширувањето на Заедничкиот регионален пазар на лидерскиот состанокво Скопје посветен на Планот за раст на Западен Балкан.
В.Д. Директорката на Секретаријатот на Централноевропскиот договор заслободна трговија (ЦЕФТА), Данијела Гачевиќ, во своето обраќање на вчерашниот состанок на лидерите од регионот посветен на Планот за раст на Западен Балкан ја нагласи клучната улога на ЦЕФТА во унапредувањето наиницијативата за Заеднички регионален пазар и поттикнување поблиски врски меѓу економиите одЗападен Балкан и единствениот пазар на ЕУ.
На состанокот Гачевиќ ја потврди непоколебливатапосветеност на ЦЕФТА за унапредување на економскатаинтеграција, трговската либерализација, дигитализацијатаи регионалната соработка меѓу страните.
„Имплементацијата на тековниот Акциски план заЗаеднички регионален пазар и развивањето на новиот сеод витално значење за создавање нови можности, привлекување инвестиции и зајакнување на соработкатаво ЦЕФТА и со ЕУ“, рече Данијела Гачевиќ, додавајќидека активностите на ЦЕФТА беа клучни во усогласувањена економиите од Западен Балкан со принципите и стандардите на Европската Унија преку усогласување нарегулативите, подобрување на пристапот на пазарот и поттикнување на создавањето погодно деловно опкружување за привлекување странски инвестиции.
„Новиот Акциски план ни дава можност да внесемеамбиција и иновации во трговската арена, усогласувајќисе со визијата на Новиот план за раст. Овој синергистичкипристап не само што го поттикнува растот во ЗападенБалкан, туку и поттикнува зајакната соработка со ЕУ“,изјави Гачевиќ и потсети на досегашната работа „Нашитезаеднички напори ги насочуваат економиите од ЗападенБалкан кон конвергенција со Европската Унија, приближувајќи нè до заедничката цел за попросперитетени постабилен регион“.
ЦЕФТА останува посветена на поттикнување наекономскиот раст, трговската експанзија и одржливиотразвој на Западен Балкан. Додека регионот го продолжувасвојот пат кон пристапување во ЕУ, ЦЕФТА ќе продолжида служи како катализатор за напредок и застапник заекономска интеграција.