Во новата надградба за Windows 11 веќе ја нема легендарната Microsoft апликација WordPad, чиј долгогодишен стаж конечно заврши.
Наместо нов Windows 12, оваа година корисниците ќе добијат ажурирање на актуелниот Winows 11. Оваа надградба ќе донесе голем број нови функции и подобрувања, но ќе отстрани една апликација која е дел од оперативниот систем на Microsoft уште од Windows 98.
Станува збор за апликацијата WordPad, која по долги години опслужување на корисниците повеќе нема да биде достапна. Ако се прашувате зошто Microsoft одлучи да ја отстрани апликацијата по 28 години, одговорот може да биде дека компанијата сака да ги насочи корисниците кон Microsoft Word и Windows Notepad.
„Препорачуваме Microsoft Word за богати текстуални документи како што се .doc и .rtf и Notepad за .txt документи“, велат од компанијата.
Претходните извештаи навестуваа отстранување на WordPad, а сега Microsoft потврди дека апликацијата заминува.
Сепак, WordPad не е единствениот што ја доживеа оваа судбина. Се верува дека новото ажурирање за Windows 11 ќе го означи крајот и на некои други апликации, вклучувајќи ги Cortana, Mail, Calendar, Maps, People и Movies & TV.