HMD Global најавува дека во иднина ќе произведува сопствени паметни телефони, таблет уреди и безжични слушалки
Компанијата Human Mobile Devices (HMD Global) најави дека ќе започне со продажба на сопствени брендирани телефони, што ќе значи и крај на производството на брендирани Nokia смартфони.
Заедно со оваа најава, HMD Global објави и видео во кое ја најавува претстојната палета на уреди под својот бренд. Компанијата најавува дека во иднина ќе произведува паметни телефони, таблет уреди и безжични слушалки, што веројатно е само почеток.
Првите HMD брендирани смартфони би можеле пристигнат на крајот на овој месец на Мобилниот конгрес (MWC 2024), кој ќе се одржи во Барселона од 26 до 29 февруари. Сепак, оваа информација се уште не е потврдена, а од компанијата изјавија дека имаат намера да донесат безбедни, брзи, силни и достапни нови телефони.
Овој потег на HMD Global претставува голема пресвртница во бизнисот, како и фактот дека во понудата повеќе нема да има телефони од Nokia, па дури и брендирани. Додека се чека презентацијата на првите производи под брендот HMD, повеќето достапни смартфони и таблет уреди на Nokia се продаваат по намалени цени.
Од друга страна, Nokia Corporation останува глобален лидер во мрежна опрема и лидер на патенти во областа на 5G мобилната технологија.