Американската компанија Quantumscape сподели нови податоци кои го прикажуваат понатамошниот развој на батериите со цврст електролит.
Quantumscape користејќи милиони долари финансии од големите производители на автомобили како Volkswagen Group, како и спојувањето со SPAC и Kensington Capital Acquisition, веќе е етаблиран како еден од глобалните лидери во развојот на батерии.
Американската компанија Quantumscape сподели нови податоци кои покажуваат понатамошен развој на батериите со цврст електролит, чии ќелии завршиле 400 последователни циклуси на брзо полнење од 15 минути, дополнување од 10% до 80% од капацитетот, додека сè уште задржуваат над 80% од почетната енергија.
Quantumscape верува дека може да го намали времето на полнење на електричните автомобило на само неколку минути, помагајќи да се промовира понатамошно нивно прифаќање.
Компанијата спровела тестови на комерцијално релевантни, еднослојни прототипни батериски ќелии на температури од 25°C и 45°C. Резултатот бил батерии со цврст електролит кои успешно завршиле 400 последователни 15-минутни (4C) циклуси на брзо полнење со капацитет од 10% до 80%. Тие 400 циклуси на електрично возило со автономија од 483 km е еднакво на преминување на 193.121 km.
На сегашните електрични возила им требаат помеѓу 25-30 минути на брз полнач со еднонасочна струја за полнење од 10 до 80 проценти.