Новата преносна конзола на Sony, наводно ќе покренува игри за PlayStation 4 и PlayStation 5, што значи дека веројатно нема да има ексклузивни наслови како што видовме на PSP и PS Vita
Иако не го престигна Nintendo DS во однос на продажбата, PlayStation Portable (PSP) беше омилената преносна конзола на многу луѓе. Тој беше заменет со помодерниот PS Vita, кој не доби ни приближно голема популарност како PSP, најмногу поради лошиот избор на игри и фактот што излезе токму во времето кога се очекуваше PlayStation 4.
И покрај ова, играчите на PlayStation продолжија да сонуваат за преносна конзола што ќе биде како PSP, а за возврат го добија PlayStation Portal, еден вид уред за стриминг на игри за кој е потребен PlayStation 5 и активна интернет конекција за користење.
Но, како што во своето видео вели популарниот Јутјубер Moore’s Law is Dead, Sony работи на нова преносна конзола. Имено, тој тврди дека Sony веќе му платил на AMD за производство на овој уред и дека моментно е во многу рана фаза на производство.
Точните детали не се познати, но се шпекулира дека новата преносна конзола на Sony би можела да работи на PlayStation 4 и PlayStation 5 игрите, а веројатно нема да има никакви ексклузивни наслови.
Приближното време на издавање на оваа конзола може само да се погодува, но се верува дека би требало да излезе пред PlayStation 6